Општина Крива Паланка оваа година по трет пат ќе учествува во Програмата за општинско корисна работа во проектот под наслов „Цело е кога има се“.
Проектот е подржан и финансиран од страна на Организацијата за развој на Обединетите нации – УНДП, Министерството за труд и социјална политика, Агенцијата за вработување на РМ и Локалната самоуправа на Општина Крива Паланка.
Проектот „Цело е кога има се“, во својата програма во предвидените активности опфаќа во учебната 2018/2019 во редовниот процес на образование да вклучи 7 образовни асистенти за помош при наставата на деца со посебни потреби за кои родителите и директорите на училиштата уредно ги доставија потребните документи и согласности. Во рамки на проектот ќе биде ангажиран и дефектолог во Дневниот центар за лицата со интелектуална попреченост и едно лице физиотерапевт- масер за стари и изнемоштени лица кои имаат потреба од релаксирачка масажа.
Вкупно ќе бидат ангажирани 9 лица кои се невработени, а се евидентирани во Агенцијата за вработување на Република Македонија, на скратено работно време од 4 часа дневно, а во времетраење од 6 до 9 месеци.
Јавниот оглас може да го најдете на следниот ЛИНК.