По повод 24. Август, Денот на независноста на Украина, градоначалникот Мицевски упати честитка до градоначалникот на збратимениот град Перечин во Украина, г. Иван Погорељук.
-Во мое име и во име на граѓаните на општина Крива Паланка упатувам честитки по повод Денот на независноста на Украина, со искрени желби за успех, среќа и просперитет.
Нека овој светол момент од Вашата историја е пример за взаемно разбирање и обединување како единствен пат кон просперитет и заедничка европска иднина, се вели во писмото упатено до градоначалникот Погорељук.