Дневен ред на 14-та седница на Советот на Општина Крива Паланка

Врз основа на член 37, точка 1 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на РМ“ бр. 5/02) и член 3 од Деловникот на Советот на Општина Крива Паланка, Ве известуваме дека 14-та седница на Советот на Општина Крива Паланка ќе се одржи на 10.09.2018 година (понеделник ) во 14,00 часот.

Дневен  ред:

Усвојување на записник од 13-та седница

  1. Предлог – Одлука за усвојување на Извештај за работа на СОУ „Ѓорче Петров“ – Крива Паланка за 2017/2018 година;
  2. Предлог – Одлука за усвојување на Програма за работа на СОУ „Ѓорче Петров“ – Крива Паланка за 2018/2019 година;
  3. Предлог – Решение за разрешување член на Училишниот одбор на СОУ „Ѓорче Петров“ – Крива Паланка;
  4. Предлог – Решение за именување член на Училишниот одбор на СОУ „Ѓорче Петров“ – Крива Паланка;
  5. Предлог- Одлука за давање согласност на барањето за формирање на паралелки со помал број на ученици за учебната 2018/2019 година за СОУ „Ѓорче Петров“;
  6. Предлог – Одлука за усвојување на Извештај за работа на ООУ „Јоаким Крчовски“– Крива Паланка за 2017/2018 година;
  7. Предлог – Одлука за усвојување на Програма за работа на ООУ „Јоаким Крчовски“ – Крива Паланка за 2018/2019 година;
  8. Предлог – Мислење за изведување на ученички екскурзии на ООУ „Јоаким Крчовскил“ – Крива Паланка за 2018-2019 година;
  9. Предлог – Одлука за усвојување на Извештај за работа на ООУ „Илинден “– Крива Паланка за 2017/2018 година;
  10. Предлог – Одлука за усвојување на Програма за работа на ООУ „Илинден“ – Крива Паланка за 2018/2019 година;
  11. Предлог – Мислење за изведување на ученички екскурзии на ООУ „Илинден“ – Крива Паланка за 2018/2019 година;
  12. Предлог – Одлука за усвојување на Извештај за работа на ОУД „Боро Менков“– Крива Паланка за 2017/2018 година;
  13. Предлог – Одлука за усвојување на Програма за работа на ОУД „Боро Менков“ – Крива Паланка за 2018/2019 година;
  14. Предлог – Одлука за усвојување на Извештај за работа на ОУЈДГ „Детелинка“ – Крива Паланка за 2017/2018 година;
  15. Предлог – Одлука за усвојување на Програма за работа на ОУЈДГ „Детелинка“ – Крива Паланка за 2018/2019 година;
  16. Предлог –Одлука за давање согласност на измена на годишниот план за вработување за 2018 година на ЈП Комуналец ;
  17. Предлог-Решение за формирање Одбор за одбележување награди и признанија на Општина Крива Паланка;
  18. Предлог –Одлука за давање согласност на  измена на годишниот план за вработување за 2018 година на Општина Крива Паланка;
  19. Предлог –Одлука за обезбедени финансиски сретства за пополнување на работното место преку трајно преземање;
  20. Предлог-Одлука за давање согласност за вршење на промена на Фондацијата за развој на информатичките технологии – ИНФОРМАТИЧКИ ЦЕНТАР – Крива Паланка;
  21. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за к.п. бр. 7027 во КО Крива Паланка , Општина Крива Паланка ;
  22. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за к.п. бр. 7675 во К.О.Конопница ,Општина Крива Паланка ; и
  23. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за к.п.бр. 9635 и к.п.бр.9637 во К.О. Градец,, Општина Крива Паланка,
  24. Советнички прашања

Седницата ќе се одржи во салата за совет на Општина Крива Паланка .

 

СОВЕТ НА ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
Претседател,
Изабела Павловска ,с.р

Големина на фонт
Контраст