Во рамките на Европската недела на мобилност од 16 – 22 септември, Општина Крива Паланка се вклучува во настанот „Комбинирај и движи се“ и истиот ќе се одбележи на 21. 09 2018 година од 12 до 14 часот. Овој ден ќе биде Ден без автомобили, кога традиционално кај нас, а и во светот, се затвора сообраќајот на една или повеќе фреквентни сообраќајници и истите се резервираат за велосипедисти, пешаци или за јавниот транспорт. На тој начин се упатува силна порака дека со мудро одбирање на начинот на секојдневен транспорт го заштедуваме домашниот буџет, го подобруваме нашето здравје, го намалуваме загадувањето и ја заштитуваме животната средина.
За таа цел Општина Крива Паланка организира настан на кој заинтересирани граѓани ќе земат учество и со своите велосипеди ќе ја поминат предвидената рута. Почетокот на рутата е предвидена да биде од градскиот плоштад каде учесниците ќе се движат по улицата Свети Јоаким Осоговски до Мотел Македонија, каде што повторно се вклучуваат на улицата Свети Јоаким Осоговски и како крај на рутата е предвиден градскиот плоштад.
За успешно спроведување на овој настан Општина Крива Паланка се обраќа до Вас да земете активно учество манифестацијата.
Вклучено во овој настан е и Министерството за животна средина и просторно планирање, а додека партнери во активностите се Делегацијата на ЕУ во РМ и ЕУ Инфо центарот во Скопје.
Сите заинтересирани да се јават на плоштад 30 минути пред почетокот на манифестацијата со велосипед.