Почитувани сограѓани,
Во рамки на активностите во чест на одбележувањето на 8-ми Oктомври, Денот на ослободувањето на Крива Паланка, персоналот на Армијата на Република Македонија, ќе оддржи Тактичко –технички збор.
Овој настан ќе се реализира на ден 08.10.2018 год. во периодот од 12.00 до 14.00 часот на Градскиот плоштад во Крива Паланка. Во рамки на активностите, предвидена е изложба и презентација на борбени возила, механизација, лесно пешадиско вооружување и други слични реквизити со кои располага АРМ, како и прелетување на армиски хеликоптер над небото на Крива Паланка кое ќе се реализира од 12.30 до 13.00 часот.
Се покануваат граѓаните да присуствуваат на овој настан и одблиску да се запознаат со својата армија и нејзините капацитети.
Со почит,
ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА