Честитка по повод 11 Октомври, Денот на народното востание

Почитувани сограѓани,

Со посебна почит и благодарност, денес длабоко се поклонуваме и оддаваме почит на сите оние кои со својата храброст и саможртва се втемелија во историјата на Македонија.

Во свое лично име, од име на општинската администрација и од име на Советот на Општина Крива Паланка Ви го честитам 11 Октомври, Денот на македонското народно востание, со желба за исполнување на вековните стремежи и идеали на нашите предци.

Градоначалник на Општина Крива Паланка
Борјанчо Мицевски

 

 

Големина на фонт
Контраст