Врз основа на член 39, точка 1 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на РМ“ бр. 5/02) и член 65 и 67 од Деловникот на Советот на Општина Крива Паланка, Ве известуваме дека 15-та седница на Советот на Општина Крива Паланка ќе се одржи на 19.10.2018 година (петок ) во 14,00 часот.
Д н е в е н р е д:
Усвојување на записник од 14-та седница
- Предлог – Одлука за измени и дополнување на Буџетот на Општина Крива Паланка за 2018 година;
- Предлог – Одлука за усвојување на Програмата за активностите на Општина Крива Паланка во областа на еднакви можности за 2019 година;
- Предлог – Одлука за усвојување на Извештај за зимско одржување на улиците, тротоарите и локалните патишта на Општина Крива Паланка за 2017/2018 година;
- Предлог – Одлука за усвојување на Програма за зимско одржување на улиците, тротоарите и локалните патишта на Општина Крива Паланка за 2018/2019 година;
- Предлог – Решение за разрешување членови на Одборот за контрола на материјално-финансово работење на ЈП „Комуналец“ – Крива Паланка;
- Предлог – Решение за именување членови на Одборот за контрола на материјално-финансово работење на ЈП „Комуналец“ – Крива Паланка;
- Предлог – Одлука за формирање општински совет за превенција на детско престапништво;
- Предлог-Одлука за давање согласност на барањето за формирање на паралелки со помал број на ученици за учебната 2018/2019 година за ООУ „Илинден “;
- Предлог-Одлука за давање согласност на барањето за формирање на паралелки со помал број на ученици за учебната 2018/2019 година за ООУ „Јоаким Крчовски “;
- Предлог –Одлука за утврдување на месечен надоместок на членовите на Комисијата за урбанизам при Општина Крива Паланка;
- Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за к.п. бр. 1028 и дел од к.п.1027 во К.О Конопница, Општина Крива Паланка;
- Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за к.п. бр.1645/7 во К.О. Мартиница, Општина Крива Паланка;
- Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за кп. бр. 20 во К.О. Крива Паланка , Општина Крива Паланка;
- Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за кп. бр. 4582 во К.О. Крива Паланка, Општина Крива Паланка;
- Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за кп. бр. 9792 и дел од к.п.8091 во К.О. Градец, Општина Крива Паланка;
- Предлог–Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за кп. бр. 7045 во К.О. Крива Паланка, Општина Крива Паланка; и
- Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за кп. бр. 2240 во К.О. Конопница, Општина Крива Паланка.
СОВЕТ НА ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
Претседател,
Изабела Павловска , с.р.