Пoчитувани сограѓани,
Ве известуваме дека во недела на 6-ти јануари, Oпштина Крива Паланка традиционално ќе го организира прославувањето на големиот христијански празник Бадник на централниот градски плоштад со почеток од 12.00 до 14.00 часот. Кум на овогодишната прослава ќе биде министерот за земјоделие, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.
Прославувањето на Бадник ќе биде во духот на христијанската традиција со славска посна трпеза, осветени лепчиња со паричка, делење на топла ракија и чај и бадникарски гранчиња.
Општина Крива Паланка Ве поканува да бидете присутни на градскиот плоштад и заеднички, сплотени и со радост да го прославиме овој убав ден-Бадник, во пресрет на Христовото раѓање-Божиќ.
Поради зголеменото загадување на воздухот и негативните последиците по животната средина, и оваа година Општина Крива Паланка, ќе се воздржи од палење на бадникарски оган на градскиот плоштад, и во исто време упатува апел и ги замолува сите наши сограѓани да го избегнат палењето на оган при организирање на маалските собири и прослави.