Почитувани сограѓани,
На ден 19.01.2019 (сабота) од 10.00 часот во организација на Општина Крива Паланка и на Македонската православна црква, Кумановско-осоговска епархија ќе се одбeлежи големиот христијански празник Богојавление – Водици.
По тој повод ги известуваме сите заинтересирани граѓани кои имаат желба да скокат во осветените води на Крива Река за да го фатат благословениот крст за здравје, среќа и бериќет, да се пријават во црквата Св. Димитриј во Крива Паланка.
Заинтересираните, задолжително треба да донесат медицинска белешка (потврда) од матичен лекар за здравствената состојба и крштеница, со што ќе го потврдат своето учество во скокањето по благословениот крст. При пријавувањето секое лице ќе добие и реден број кој треба да го носи со себе на денот на настанот.
Општина Крива Паланка