Граѓаните одлучуваат
„РЕГИОНАЛЕН ФОРУМ ВО ЗАЕДНИЦАТА“
3-та Форумска сесија 13.03.2019 г. (среда) во 12 часот
ресторан ,,Грација,, населба Карпош, во Куманово
Почитувани граѓани,
Североисточниот плански регион (СИПР) има чест и задоволство да ве покани на третата форумска сесија од регионалниот форум во заедницата, која ќе се одржи на 13.03.2019 година, во 12 часот во ресторан ,,Грација“ населба Карпош, во Куманово.
Форумскиот процес се реализира од ЦРСИПР во соработка и партнерство со Швајцарската аенција за развој и соработка и Министерството за локална самоуправа, во рамки на нивниот заеднички проект „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој”.
СИПР го реализира проектот „Регионални форуми во заедницата“, со цел цел да го зајакне граѓанското учество во процесот на одлучување на регионално ниво, да се подобрат партнерствата помеѓу локални и регионални субјекти и да се изнајдат поефикасни решенија за проблемите од интерес на целата заедница.
На 22.02.2019г. и на 01.03.2019г. се одржаа првата и втората форумска сесија од регионалниот форумски процес, на кои што граѓаните од Североисточниот плански регион имаа можност во рамки на четирите теми согласно грантовата шема (туризам, животна средина, социјална инклузија и бизнис инфраструктура) да идентификуват и дефинират регионални (заеднички) проблеми, дискутираат за проблемите и предлагаат решенија. На првата форумска сесија форумот одлучи да развива седум предлог концепти на решенија. Седумте предлог концепти на решенија беа презентирани на втората форумска сесија, од кои форумот утврди шест согласно критериумите кои ќе бидат приоретизирани/гласани од учесниците на форумот на третата форумска сесија.
Правото на глас во овој форумски процес се стекнува со минимум учество на две форумски сесии.
Форумскиот процес беше отворен за сите заинтерсирани граѓани од североисточниот плански регион (жителите на шесте општини од регионот: Куманово, Липково, Старо Нагоричане, Кратово, Ранковце и Крива Паланка).
Граѓание од СИПР имаат можност директно да придонесат за подобрување на социоекономската состојба во регионот, а со тоа и самите да влијаат на подобрување на сопствениот живот.
СИПР, Директор
Младен Протиќ