Голема еколошка акција во Крива Паланка „Општина без смет за поубав свет“

Во текот на наредните два месеци, во делот на подобрување на јавната чистота и подобрување на животната средина за граѓаните, а воедно и на барање на граѓаните, ќе се спроведе граѓанската иницијатива насловена како „Општина без смет за поубав свет“ или „Чиста населба – чиста општина“.

Сеопфатна еколошка акција ќе се спроведува според однапред утрвден план и програма  и во координација на одговрното лице, раководителот на Одделението за инспекциски надзор, Бранко Велиновски.

Како што изјави Велиновски на денешниот прес, акцијата ќе се спроведува секој нареден викенд во наредните два месеци, а ќе започне овој викенд – 24 март, кога и е планирана првата акција во населбата Осичка маала и Домачки дол.

-Со планираните активности, во оваа сеопфатна еколошка акција во општина Крива Паланка, ќе се спроведуваат низа на мерки во делот на намалување на отпадот и подобрување на јавната чистота, односно собирање на отпадот од јавни површини, отстранување на отпадот од сопственичките дворови, домови, подруми и остави. На овој начин граѓаните ќе имаат можност, покрај тоа што ќе бидат вклучени во чистењето на јавните површини, во исто време и да се ослободат и од делот од отпадот, кој што од различни причини го складирале или одложувале во кругот на своите домаќинства, а ние како Општина ќе имаме  логистичка поддршка во овој дел.

Според пријавите досега, можам да кажам дека имаме голем број на невладини организации кои го пријавија учеството во оваа голема акција, а голем број од граѓаните и самоиницијативно се пријавуваат за вклучување во акцијата. Истата е поддржана и од Советот на општината, од ЈП Комуналец, од советите на заедниците на станари во самите населби, од локалните правни субјекти и разни други поединци.

Акцијата опфаќа два сегменти, од кои едниот е чистење на дворовите, читење на зелените јавни површини и пред делот на индивидуалните стамбени единици до оној другиот сегмент, што значи собирање на непотребниот отпад од индивидуалните домови.

Оваа акција ја покренаа младите еко тимови од училиштата, кои со своите одговорни лица ќе бидат вклучени и активно ќе учествуваат во планираните активности.

Конкретно, за почетокот на првата акција, која ќе се реализира на 24-ти март, односно наредниот викенд во Осичка маала и Домачки дол, за учество се пријавија низа организации од Крива Паланка, како што се Извидничкиот одред Наум Наумовски Борче, здружението на пчелари, планинарските друштва, заедницата на станари, а има и најава за учество во акцијата од здружението на пензионери, како и кумановското здружение-Кумановски акцијаши.

Во првата акција ќе се чистат седум поголеми  јавни површини и тоа, патот кон местото викано Златина падина, делот околу Тораничка зграда, делот околу Спортско рекреативниот центар и игралиштата, потоа делот над регулацијата на Домачки дол и делот во населбата Циглана и тамошното игралиште, делот околу  објектот на извидничкиот одред Наум Наумовски Борче и дворните места на стамбените згради од овие населби, изјави координаторот Велиновски.

Ги повикуваме сите граѓани со мал допринос и мал труд да покажеме поголема еколошка и граѓанска свест, бидејќи од нас зависи во каква населба и во каква животна средина ќе живееме.

Градоначалникот Борјанчо Мицевски, на крајот од пресот повика на масовно присуство на граѓаните, не само од овие населби кои што се опфатени во овој прв дел, туку и сите останати граѓани кои благовремено ќе имаат информации за останатите акции кои што ќе се одвиваат исклучиво само во денот недела во секој нареден викенд со почеток од 9.30 часот до 13.30 во наредните два месеци.

Акцијата има за цел реализирање на сеопфатна еколошки активноси  за собирање на разновиден отпад, собирање на селектиран отпад, чистење и уредување на јавни уредени и неуредени површини, регулации и долови, паркови, игралишта, зелени површини, патеки, рекреативни излетнички места и други простори на територијата на општината.

Основна цел на акцијата е подобрување на општата слика на општината преку подобрување на животната средина во населените урбани и рурални зедници.

 

Големина на фонт
Контраст