Оддржан работен состанок на Локалениот совет за превенција во Крива Паланка

Денес, 22.03.2019 во општинската сала за состаноци во Крива Паланка се оддржа работен состанок на Локалниот совет за превенција. На дневен ред на Советот, со кој претседаваше градоначалникот на општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски,  беа темите од областа на превенција од пожари, безбедносната состојба на подрачјето што го покрива Општина Крива Паланка, како и повикот за вклучување и масовно учество на сите институции и граѓани во претстојната еколошка акција  за заштита на животната средина под мотото „Општина без смет за поубав свет“.

Покрај членовите на Локалниот совет за превенција на општина Крива Паланка, присуствуваа и претставници на рурални месни заедници, директорите на општинските основни училишта и гимназијата, како и претставници на медиумите.

Свое обраќање по наведените теми имаа градоначалникот на општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски, командирот на ТППЕ од Крива Паланка, Иле Коцевски, командирот на ПС ОН Крива Паланка, Дејан Маринковски и началникот на НККР Крива Паланка, Ивица Стамболиски.

-Како локална самоуправа очекуваме сите прашања што се од интерес на граѓаните, бизнис секторот и другите чинители на заедницата да наоѓаме начини да ги решаваме, пред се превентивно, меѓутоа и сето она што ќе биде донесено како заклучоци многу е значајно понатаму да го имплементираме. Тоа и е целта, да имаме еден сериозен пристап кон секој одреден проблем. Деновиве имаме актуелни и алармантни ситуации и проблеми на терен, но ние сме тука да наоѓаме решенија, во насока на превземање на итни превентивни мерки и во заедничка координација и синхронизирани акции со стручните служби од Општината и ТППЕ, МВР, ДСЗ и во соработка со подрачната единица на Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство и ЈП Македонски шуми, како и во соработка со општинските училишта, мораме навремено да делуваме за подобрување на состојбата, истакна во воведното излагање градоначалникот Борјанчо Мицевски.

Како еден од поголемите проблеми, со кој во изминатиот период се сочуваме се пожарите на отворено за што детална информација за актуелната состојба даде командирот на ТППЕ од Крива Паланка, Иле Коцевски.

На состанокот беа разгледани и другите теми од областа на безбедносната состојба, јавниот ред и мир и сообраќајот во општината, како и ширењето на гласини и актуелната пропаганда за наводно присуство и движење на сомнителни возила низ градот и околината и ширење на паника особено кај младата полулација. Во таа насока свое обраќање и извештај за состојбата изнесе командирот на ПС ОН Крива Паланка, Дејан Маринковски.

Присутните се согласија дека треба да има поголема координација помеѓу стручните служби и надлежните институции, подобра информираност на локалното население и кокретни превентивни мерки за подобрување на состојбата во градот и околината за што беа донесени и соодветни заклучоци.

ЗАКЛУЧОЦИ

1.Превенција од пожари на територијата на Општина Крива Паланка

  1. Состојбата со предизвикување и третирање на пожари на територијата на општина Крива Паланка во изминатиот период е алармантна и загрижувачка.
  2. Неопходно е потребна поголема координација помеѓу сите инволвирани служби во превенцијата од пожари.
  3. Дадено е задолжение до ТППЕ Крива Паланка, по прием на сигнал за активен пожар, веднаш да достават информација до ПС од ОН Крива Паланка, ДЗС и ЈП Македонски шуми, заради правовремено делување на терен на сите инволвирани служби.
  4. Неопходно е потребно да се достави информација до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за појава на пожари, кои во најголем дел зафаќаат земјоделски површини и нивно навремено вклучување во сите активности за превенција од пожари.
  5. Мобилноста на сите служби, кои се инволвирани во активностите за превенција од пожари во наредниот период да биде на највисоко ниво.
  6. Дистрибуција на соодветни советодавни флаери подготвени од ДЗС и информативно соопштение, кое ќе биде подготвено од Општина Крива Паланка до сите рурални средини, а преку соодветните месни заедници, со обврска до претседателите на месните заедници да одржат состаноци со месното население во самите месни заедници, како и да доставуваат благовремени информации до Општината за сите превземени активности, а  во насока на   зголемување на свеста на граѓаните во тие рурални подрачја.
  7. ПС од ОН Крива Паланка и НККР при ПС од ОН Крива Паланка во наредниот период, преку соопштенија и прес конференции да дадат точни податоци за вкупниот број на поднесени кривични пријави и издадени платни налози за глоба спрема сите познати сторители на кривични дела и прекршоци, поврзани со намерно или ненамерно предизвикување на пожари.
  8. Правовремено и заедничко информирање на граѓаните и инволвираните служби во превенцијата од пожари за евентуални сомнителни движења на отворен простор, како и ограничување на движењето на отворен простор и строга забрана за палење на оган на отворено.
  9.  Заклучоците и Соопштенијата да бидат објавени на официјалната веб страница на Општината и во медиумите.   

2. Безбедносната состојба во Општина Крива Паланка          

  1. Вишиот соработник за образование и спорт при Општина Крива Паланка да подготви и дистрибуира до сите училишта на подрачјето на општина Крива Паланка соопштение во кое ќе ги демантира сите невистинити наводи за сомнителни движења на некакви возила со затемнети прозорски стакла и луѓе во темна гардероба кои наводно следат некого.
  2. Соопштението да биде прочитано на класен час во понеделник 25.03.2019 година.
  3. Доколку се забележат сомнителни активности кои се битие на кривичното дело- грабнување веднаш да пријавуваат на бесплатниот телефонски број 192 и да извршат фотографирање на сомнителните луѓе и возила.
  4. ПС од ОН Крива Паланка да превземе соодветни мерки кон сите лица кои шират дезинформации во јавноста и преку социјалните мрежи за некакви наводни сомнителни движења и активности на луѓе и возила.
  5. Во текот на наредната недела итно и неодложно да се свикаат и одржат состаноци на Советите на родители во сите училишта на подрачјето на Општината на кои ќе се дискутира за наведената проблематика и да се прочита даденото соопштение.
  6. Да се работи на организирање и одржување на информативни средби со граѓаните, во соработка со Секторот за превенција при СВР Куманово и медиумите, а преку кои ќе се врати довербата на граѓаните во безбедносната состојба во Општината.
  7. Заклучоците и Соопштенијата да бидат објавени на официјалната веб страница на Општината и во медиумите.        

3.Информација во врска со претстојната еколошка акција

  1. Правовремено информирање на граѓаните за сите термини и реони кои ќе бидат опфатени со оваа акција и масовен одзив на граѓаните, институциите, граѓанските здруженија и други субјекти во успешната реализација на истата.

 

 

 

 

Големина на фонт
Контраст