Заклучоци за превенција од пожари на Локалниот совет за превенција на општина Крива Паланка

На состанокот на Локалниот совет за превенција, одржан на ден 22.03.2019 година,  беа донесени следните заклучоци за превенција од пожари на територијата на општина Крива Паланка:

  1. Состојбата со предизвикување и третирање на пожари на територијата на општина Крива Паланка во изминатиот период е алармантна и загрижувачка.
  2. Неопходно е потребна поголема координација помеѓу сите инволвирани служби во превенцијата од пожари.
  3. Дадено е задолжение до ТППЕ Крива Паланка, по прием на сигнал за активен пожар, веднаш да достават информација до ПС од ОН Крива Паланка, ДЗС и ЈП Македонски шуми, заради правовремено делување на терен на сите инволвирани служби.
  4. Неопходно е потребно да се достави информација до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за појава на пожари, кои во најголем дел зафаќаат земјоделски површини и нивно навремено вклучување во сите активности за превенција од пожари.
  5. Мобилноста на сите служби, кои се инволвирани во активностите за превенција од пожари во наредниот период да биде на највисоко ниво.
  6. Дистрибуција на соодветни советодавни флаери подготвени од ДЗС и информативно соопштение, кое ќе биде подготвено од Општина Крива Паланка до сите рурални средини, а преку соодветните месни заедници, со обврска до претседателите на месните заедници да одржат состаноци со месното население во самите месни заедници, како и да доставуваат благовремени информации до Општината за сите превземени активности, а  во насока на   зголемување на свеста на граѓаните во тие рурални подрачја.
  7. ПС од ОН Крива Паланка и НККР при ПС од ОН Крива Паланка во наредниот период, преку соопштенија и прес конференции да дадат точни податоци за вкупниот број на поднесени кривични пријави и издадени платни налози за глоба спрема сите познати сторители на кривични дела и прекршоци, поврзани со намерно или ненамерно предизвикување на пожари.
  8. Правовремено и заедничко информирање на граѓаните и инволвираните служби во превенцијата од пожари за евентуални сомнителни движења на отворен простор, како и ограничување на движењето на отворен простор и строга забрана за палење на оган на отворено.
  9.  Заклучоците и Соопштенијата да бидат објавени на официјалната веб страница на Општината и во медиумите.   


ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА

Големина на фонт
Контраст