Почна доставата на решенијата за фирмарина за 2019 година

Општина Крива Паланка ги известува сите даночни обврзници дека во тек е доставувањето на решенијата за комуналната такса-фирмарина за 2019 година.

Сите обврзници кои немаат платено фирмарина за изминатите години ќе добијат опомена за неплатен долг.

Даночните обврзници кои нема да добијат решенија или доколку во истите забележат одредени неправилности, може да се обратат во Општина Крива Паланка, во Одделението за финансиски прашања, секој  работен ден од 8 до 16 часот, кај административниот службеник Емил Денчевски. 

Големина на фонт
Контраст