Оваа недела (07.04.2019) продолжуваме со акцијата „Општина без смет за поубав свет“ во населбите Баглак и Бавчалак, како и во реонот на станбените згради и „Стара чаршија“.
Во исто време во соработка со ЈП „Македонски шуми“ ќе се спроведе акција за пошумување на опожарениот дел во населба Баглак над базенот за вода на висока зона десен брег (зборно место во 9.00 часот кај кошот во населбата).
Ги повикуваме сите сограѓани и институции да ни се приклучат и дадат свој допринос во акцијата за почиста и зелена Крива Паланка.