Оглас за вработување

Врз основа на член 22 и 23 Законот за работни односи (СВ на РМ бр.158/2010 ); член 50 став 1 т. 14 од Законот за локалната самоуправа ( СВ на РМ бр.5/2002) ; член 23 став 1 т. 13 од Статутот на Општина Крива Паланка ( Службен Гласник на Општина Крива Паланка бр.8/10) , а во согласнос Правилникот  за изменување и дополнувања на Правилникот за систематизација на работни места во општинската администрација на Општина Крива Паланка  бр. 01-2161/1 од 18.08.2011 година и, Градоначалникот на Општина Крива Паланка објавува

  О Г Л А С
ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА РАБОТНИК  НА НЕОПРЕДЕЛЕНО ВРЕМЕ

1.Вработување на еден работник – ХАУСМАЈСТОР   на неопределено време за извршување на работните задачи во Одделението за правни и општи  работи

Покрај општите услови предвидени  во член 19  од ЗРО,

Кандидатите за работното место под реден број 1 треба да ги исполнуваат и следните услови :

  • да има завршено основно образование
  • да поседува возачка дозвола „Б“  
  • способност за тимска работа

Кандидатите ги доставуваат потребните документи во архивата на Општина Крива Паланка или на адреса Општина Крива Паланка ул. „Св.Јоаким Осоговски “ бр.175  Крива Паланка – со назнака  За оглас .

Огласот трае 5 (пет) дена од денот на објавувањето.

 

ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
Градоначалнк,
Дипл.прав.Арсенчо Алексовски
                                                                

                                                                                               

Големина на фонт
Контраст