Соопштение – имплементација на Законот за постапување со бесправно изградени објекти

Динамиката на спроведување на Законот за постапување со бесправно изградени објекти во Општина Крива Паланка е следната: 
  • До 03.09.2011 година, до кога беше крајниот рок за поднесување на барање за утврдување на правен статус на бесправни објекти од локално значење и бесправни објекти од здравствени установи за примарна и секундарна здравствена заштита, во општината Крива Паланка поднесени се вкупно 3.610 барања;

  • Поголем дел од барањата или околу 70% се со одредени недостатоци, односно не се комплетирани со потребниот прилог предвиден со законот.
  • Комплетираните барања и барањата кои ќе се комплетираат се доставуваат до Комисијата, формирана од Градоначалникот на општината, која врши увид на лице место и составува Записник за состојбата на објектот;
  • За некомплетните барања се изготвува Заклучок за прекинување на постапката кој прекин ќе трае до комплетирање на барањето, но не подолго од шест години од денот на влегување на Законот во сила, а по комплетирање на барањето се продолжува со решавање на барањето;
  • Досега, Градоначалникот на општина Крива Паланка има издадено 23 урбанистички согласности за 23 објекта, а исто така има издадено и 5 Решенија за утврдување на правен статус.

 

 

Големина на фонт
Контраст