Во тек е запишување ученици во прва година во СОУ Ѓорче Петров во Крива Паланка во учебната 2019/20 година. Во прва година ќе се запишат 340 ученици во 10 паралелки со настава на македонски јазик според наставни планови и програми за гимназиско образование, машинска струка, електротехничка струка, угостителско –туристичка струка и текстилно-кожарска струка.
Училиштето нуди образование со посветени професори за што говорат големиот број на награди и признанија на учениците и нивните успеси во понатамошното образование, како и комфорна средина соодветна за учениците. СОУ „Ѓорче Петров“ од Крива Паланка е избрано за најбезбедно и најчисто училиште во учебната 2017/2018 година во категоријата на средни училишта.
УПИСИТЕ СЕ ВО ТЕК: СОУ ЃОРЧЕ ПЕТРОВ ВЕ ОЧЕКУВА ВО НОВАТА УЧЕБНА ГОДИНА