Крива Паланка се вклучува во маратонската рута на бугарскиот маратонец Красимир Геогиев

Бугарскиот маратонец  Красимир Геогиев  започна иницијатива за ултра  маратон низ Бугарија, Северна Македонија и Албанија, а во насока на промовирање на пан-европскиот транспортен Коридор -8, како и промовирање на добрососедската политика и унапредените добрососедски односи меѓу трите балкански земји.

Проектот на маратонецот Красимир Геогиев започна на 07 мај од Црното Море и ќе се одвива во наредните денови, се до 25 мај, кога маратонецот треба да финишира во Драч (Албанија). За време на овој ултра маратон, Красимир ќе се движи од Црното Море до Јадранското Море, а треба да помине 20 градови и вкупна должина од  1 300 км. Финалето е на 25 мај во Драч (Албанија), каде што ќе се сретнат тројцата премиери Бојко Борисов, Зоран Заев и Еди Рама.

Општина Крива Паланка како град кој претставува источна порта кон Европсаката унија и како град низ кој поминува Коридорот – 8, неизбежно се најде на мапата на движење на овој маратонец. Затоа Општина Крива Паланка апелира до сите спортисти и љубители на ова спортска дисциплина, симболично да се приклучат на маратонецот Красимир Георгиев, кој во Крива Паланка ќе пристигне на 15 мај и ќе ноќева во манастирскиот комплекс  „Св Јоаким Осоговкски“, а во утринските часови ќе го продолжи својот пат.

Проектот за овој маратон се одржува под мотото „Конективност” или поврзување, и е под покровителство на тројцата премиери – Бојко Борисов, Зоран Заев и Еди Рама, а е во насока на промовирање на важноста на проектот за транспорт низ Коридорот  8 и добрососедската политика на овие лидери.

Маратонецот Красимир Георгиев ги поддржува заедничките напори на трите земји за исполнување на инфраструктурниот проект преку Коридорот 8, кој ќе донесе серија придобивки за Западен Балкан и ќе ги поврзе трите соседни балкански земји.

Маратонецот  Красимир преку реализација на инцијативата за овој ултра маратон низ трете соседни земји од Црното до Јаранското Море,  се надева дека ќе привлече многу ентузијасти во својата нова авантура, кои ќе му се придружат на патот на поврзувањето и обединувањето и кон вредностите што заеднички ги делиме на патот кон Европската Унија.

 

Големина на фонт
Контраст