Бесплатен телефонски број за пријавување на недозволено фрлање и оставање на отпад

Како дел од мерките и активностите за справување со отпадот, Општина Крива Паланка покрај организирање на акциите за собирање на отпад, воведува и бесплатен телефонски број за пријавување на недозволено фрлање и оставање на отпад, како и двосменско работење на комуналната редарска служба.  Утврдено е дека на некои од исчистените локации повторно почна недозволено да се остава отпад.

Основна цел за наведеното ќе биде справување со несовесните граѓани кои недозволено постапуваат со отпадот, истиот го оставаат надвор од определените места и садови односно во природата: покрај патиштата, во доловите, покрај реките, во шумите, на уредени и неуредени зелени и други површини.

Бесплатен телефонски број  за пријавување на недозволено фрлање, одлагање и оставање на отпад е: 078  30 30 60

Повиците кон овој број се бесплатни за повикувачите. Овој телефонски број ќе функционира секој работен ден од 07 часот до 22 часот.

Дежурната комунално-редарска служба  која е во рамки на Одделението за инспекциски надзор  ќе има задача да ги евидентира  повиците, да излезе на лице место, да го легитимира сторителот и да изрекува казни во мандатна постапка. Покрај повиците дежурната комунална редарска служба ќе врши и контроли во населбите согласно планот за редовни контроли.

Постапувањето со отпадот мора да се спроведува со должно внимание и на начин  пропишан со закон.
Големина на фонт
Контраст