Еколошка акција по повод 5 јуни -Денот на животната средина

По повод 5 јуни – Денот на животната средина, Општината Крива Паланка, во соработка со Јавното комунално претпријатие „Комуналец“  организира еколошка акција за собирање на отпадот после населбата „Домачки дол“ односно покрај регионалниот пат кон село Осиче  на т.н локалитет „кај карпите“. 

На оваа локација од страна на голем број несовесни лица  се фрлени  над 50 м3 на разновиден отпад,  кој го нарушува амбиенталниот изглед на  животната средина на овој природен простор, а воедно го загадува и водотекот на Домачки дол.

Акцијата ќе се спроведува на 5 јуни (среда), во временскиот период  од  9.30  до 12.30 часот.

Се повикуваат граѓаните, посебно жителите од населбата „Домачки дол“, како и граѓанските здруженија да се вклучат во оваа  еколошка акција за заштита на животната средина.

 

Големина на фонт
Контраст