Општина Крива Паланка, во соработка со колективниот постапувач со електронски и ектричен отпад фирмата ДУО Елколект ДОО – Скопје, со цел заштита на животната средина и правилно постапување со отпадот, по втор пат ја спроведуваат наградната игра „Ја сакам мојата општина“.
Еко наградната игра започна на 2 мај и ќе трае се до 27 јуни 2019 година.
Извлекувањето на добитниците ќе се одржи на 28 јуни 2019 година, во 10 часот во Големата сала при Општина Крива Паланка.
Награден фонд
Награден фонд обезбеден од Елколект:
- Таблет ES-BEAUTY-W 7 /1GB/8GB
- ISKRA Smoothie mejker HY-1302/300W/0.6 L
- KEYBOARD + MOUSE CLICK USB KM-L2W
- Фен за коса MAKS HD 3290 W
- Чопер ISKRA SN-817 A-Li
- Будилник SENKOR SDC 4400N
- HE Цедалка СЈ-401 W
Награден фонд обезбеден од Општина Крива Паланка:
- Електрична пегла SEVERIN BA 3242
- Електричен Бокал 1,7 л ELEKTRONIK- FS -406
- Блендер МАХ- РБ 3542
- Фен за коса MAKS HD 3290 W
- Електрична ламба – Феротехна
Награден фонд од ЈП „Комуналец“ Крива Паланка
- ПВЦ индивидуален сад за комунален отпад 120 л –зелена боја
- ПВЦ индивидуален сад за комунален отпад 120 л –зелена боја
- ПВЦ индивидуален сад за комунален отпад 120 л –зелена боја
- Пакет цвеќе за садење
- Пакет цвеќе за садење
Почитувани граѓани, Вие треба само да ги предадете неупотребливите домашни апарати кај ЕКО Магацинот кој се наоѓа кај автобуската станица и да го подигнете потенцијалниот награден купон кај овластеното лице од Општината.
Извлекувањето на добитниците е од отворен тип и секој кој има награден купон може да присуствува на извлекувањето.
Подетални информации на тел : 075 236 557 (Бранко Велиновски)