Јавен повик за Програмата за општинско корисна работа за 2019 година

Општина Крива Паланка оваа година по четврти  пат ќе учествува во Програмата за  општинско корисна работа во проектот под наслов „Цело е кога има се“.

Проектот е поддржан и финансиран од страна на УНДП,  Министерството за труд и социјална политика, Агенцијата за вработување на РСМ и  Локалната самоуправа на Општина Крива Паланка.

Проектот „Цело е кога има се“, во својата програма предвидува во учебната 2019/2020 во редовниот процес на образование да вклучи 7 образовни асистенти во основоното образование. Асистентите ќе се ангажираат за помош при наставата на деца со одредена попреченост, а кои се вклучени во редовниот процес на образование, за кои родителите и директорите на училиштата уредно ги доставија потребните документи и согласности.

Во рамки на проектот ќе биде ангажирано и едно лице  масер-терапевт за стари и изнемоштени лица кои имаат потреба од релаксирачка масажа и четири негователи за стари и изнемоштени лица.

Вкупно ќе бидат ангажирани 12 лица кои се невработени, а се евидентирани во Агенцијата за вработување на РС Македонија, на скратено работно време од 4 часа дневно, а во времетраење од 6 месеци за (5 позиции)  и  9 месеци за (7 позиции).

ЈАВЕН  ПОВИК

 

 

Големина на фонт
Контраст