Oколу 800 Французи утре ќе пристигнат во Крива Паланка

Oколу 800 Французи утре ќе пристигнат во Крива Паланка како дел од 6-то издание на „Еуроп-Раид“, првото авантуристичко патување низ Европа. Тие на 8 август ќе пристигнат во Крива Паланка каде во 16 часот во дворот на ООУ „Јоаким Крчовски“ ќе се одржи франкофонски музички хепенинг, а подоцна во 20 часот гостите ќе ја проследат културно-уметничката програма на градскиот стадион. Тие ја одбраа Крива Паланка како место познато по своите активности во областа на Франкофонијата.

Во рамки на Еуроп-Раид 2019, 260 екипажи со возило „пежо 205“, тргнаа од Париз на 27 јули, во духот на меѓународната солидарност, носејќи со себе 17 тони училишна опрема која ја донираат на училишта од Босна и Херцеговина до Бугарија, преку Албанија и Северна Македонија. Поминувајќи 10.000 километри за 22 дена, секоја екипа има мисија да понесе училишна или спортска опрема: училишни торби, тетратки,  моливи, топки, играчки … за да им помогне на децата кои немаат пристап до училиште или живеат во неповолни услови.

Во рамките на оваа активност, францускиот амбасадор во земјава Кристијан Тимоние ќе оствари средба со градоначалникот на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски.

Големина на фонт
Контраст