Дневен ред на 34-та седница на Совет

Врз основа на член 35 од Деловникот на Советот на Општина Крива Паланка („Службен гласник на Општина Крива Паланка“ бр. 5/08), претседателот на Советот на Општина Крива Паланка  свикува   34-та седница на Советот на Општина Крива Паланка за 07.11.2011 година (понеделник) во 14 часот.

 Седницата ќе се одржи со следниот

Д н е в е н   р е д:

Усвојување на Записници од 31-та, 32-та и 33-та седница на Совет;

1. Презентација на студија за ЈПП за изградба на мали хидроцентрали на доводните цевководи за водоснабдување од Калин Камен и Станечка река;

2. Предлог – Одлука за започнување на постапка на ЈПП за изградба на мали хидроцентрали на доводните цевководи за водоснабдување од Калин Камен и Станечка река;

3. Предлог – Одлука за усвојување на Извештај за работа на „Детелинка“ – Крива Паланка за 2010/2011 година ;

4. Предлог – Одлука за усвојување на Програма за работа на „Детелинка“ – Крива Паланка за 2011/2012 година;

5. Предлог – Одлука за утврдување на контролиран режим на сообраќај со евидентирање на возилата кои сообраќаат во зони забранети за сообраќај во централното подрачје на град Крива Паланка ;

6. Предлог – Одлука за давање прироритет на проект „Реконструкција-рехабилитација на локален пат село Конопница во должина од 1 км“ ;

7.Предлог –Одлука за  давање согласност за реализација на проектот „Реконструкција – рехабилитација на локален пат село Конопница во должина од 1 км.“ и за обезбедени средства за реализација;

8. Предлог – Одлука за измена и дополнување на Буџетот на Општина Крива Паланка за 2011 година ;

9. Предлог – Одлука за усвојување на Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Крива Паланка К 1 и К 2 за III квартал во 2011 година;

 

Совет на Општина Крива Паланка
Претседател,
Милка Митовска

 

 

Големина на фонт
Контраст