Почитувани граѓани,
Во рамките на Европската недела на мобилност од 16 – 22 септември, Општина Крива Паланка се вклучува во настанот „Ден без автомобили“ и истиот ќе се одбележи на 20. 09 2019 година од 12 до 14 часот. Овој ден ќе биде Ден без автомобили, кога традиционално кај нас, а и во светот, се затвора сообраќајот на една или повеќе фреквентни сообраќајници и истите се резервираат за велосипедисти, пешаци или за јавниот транспорт. На тој начин се упатува силна порака дека со мудро одбирање на начинот на секојдневен транспорт го заштедуваме домашниот буџет, го подобруваме нашето здравје, го намалуваме загадувањето и ја заштитуваме животната средина.
За таа цел Општина Крива Паланка организира настан на кој заинтересирани граѓани ќе земат учество и со своите велосипеди ќе ја поминат предвидената рута. Почетокот на рутата е предвидено да биде градскиот плоштад од каде учесниците ќе се движат по улицата Свети Јоаким Осоговски до Мотел Македонија и обратно со финиш на градскиот плоштад.
За успешно спроведување на овој настан Општина Крива Паланка се обраќа до Вас да земете активно учество во манифестацијата.
Сите заинтересирани да се јават на плоштад 30 минути пред почетокот на манифестацијата со велосипед.
ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА