Известување на граѓаните и засегнатите страни за активностите за реновирање/адаптација на постојна градинка

ИЗВЕСТУВАЊЕ

на граѓаните и засегнатите страни  за активностите  за реновирање/адаптација на постојна градинка    и за документот  „Листа за проверка (чек-листа) за планот за управување со животната средина и социјални листа за проверка (чек-листа) за планот за управување со животната средина и социјалните аспекти (ПУЖССА) “ во Општина Кирива Паланака во рамки на Проектот за подобрување на социјални услуги (ППСУ Проект)

Во рамки на Проектот за подобрување на социјалните услуги (ПУСУ Проект) кој се реализира од страна на Министерството за труд и социјална политика со финансиска поддршка од Светска Банка, а со цел зголемување на капацитетите за сместување на деца од предшколска возраст, Општина Крива Паланка аплицираше со проект за реновирање/адаптација на постојна  градинка.

Согласно Оперативниот прирачник на проектот и Оперативниот прирачник за администрирање на грантови за изградба на предучилишна инфраструктура Министерството за труд и социјална политика и Општината Крива Паланка,  го доставуваат на увид   документот  „Листа за проверка (чек-листа) за планот за управување со животната средина и социјални листа за проверка (чек-листа) за планот за управување со животната средина и социјалните аспекти (ПУЖССА) “во кој се анализирани влијанијата врз животната средина и социјалните аспекти кои ќе произлезат од реализацијата на проектот реновирање/адаптација на постојна градинка, со цел информирање на граѓаните и засегнатите страни. 

Документот “Листа за проверка (чек-листа) за планот за управување со животната средина и социјални листа за проверка (чек-листа) за планот за управување со животната средина и социјалните аспекти (ПУЖССА) “е поставен на јавен увид на веб страните на:Министерството за труд и социјална политика (http://www.mtsp.gov.mk/proekt-za-podobruvanje-na-socijalnite-uslugi.nspx) и на Општина Крива Паланка  ( http:// www.krivapalanka.gov.mk// ).

Вашите коментари во однос на  реализацијата на проектот и документот може да ги доставите во рок од 14 дена по поставување на документот на увид  до Наташа Тасевска Стојановска  на  следнава меил адреса  [email protected]

ЛИСТА ЗА ПРОВЕРКА (ЧЕК-ЛИСТА) ЗА ПЛАНОТ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЖИВОТНАТА СРЕДИНА И СОЦИЈАЛНИТЕ АСПЕКТИ (ПУЖССА)

ENVIRONMENTAL AND SOCIAL MANAGEMENT PLAN (ESMP) CHECKLIST

 

 

Министерството за труд и социјална политика

 

 

 

Големина на фонт
Контраст