Се известуваат граѓаните на општина Крива Паланка посебно жителите во селските населби, дрвоберачите и ловџиите да не вршат палење на оган на отворен простор. Имено деновиве сме сведоци на зачестени пожари на отворен простор во нашата општина, кои во најголем дел се предизвикани од крајно невнимание на несовесни граѓани или со намера со што се опожаруваат големи површини и воедно се причинува голема материјална штета како по биодиверзитетот така и по имотот на граѓаните.
Согласно Законот за земјоделско земјиште, Законот за шумите, Законот за ловство, Законот за заштита и спасување, Законот за отпад, Законот за амбиентален воздух, Законот за заштита на животната средина и природата, Законот за облигационите односи и многу други закони и подзаконски акти, предвидени се одредби дека секој граѓанин е должен да се однесува соодветно во животната средина, да преземе мерки за заштита од пожари на земјоделското земјиште, на шумите, на ловиштата, да ја заштити животната средина и природата, како и да го заштити амбиенталниот воздух од загадување.
Согласно важечките закони за ваквите негативни појави предвидени се големи казни. Глобата за предизвикување на пожар изнесува до 3000 евра во денарска противвредност, како и покренување на постапка за сторено кривично дело.
Доколку било кој се однесува спротивно на наведените закони и намерно или од крајно невнимание предизвика пожар со што ќе причини штета на физички или правни лица, должен е покрај глобата што ќе ја плати во прекршочната постапка, да ја надомести и предизвиканата штета.
ПОРАДИ ТОА СЕ АПЕЛИРА ДО ГРАЃАНИТЕ НА ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА ДА НЕ ПАЛАТ ОГАН НА ОТВОРЕН ПРОСТОР, ДА НЕ ГИ ПАЛАТ СТРНИШТАТА, ИСУШЕНИТЕ ОСТАТОЦИ ОД ЗЕМЈОДЕЛСКИТЕ РАСТЕНИЈА, ДА НЕ ПАЛАТ ОГАН ВО ШУМИ, ЛОВИШТА И НА ДРУГИТЕ ПОВРШИНИ СО КОЕ БИ СЕ ПРЕДИЗВИКАЛА МАТЕРИЈАЛНА КАКО И НЕНАДОМЕСТИВА ШТЕТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА И ПРИРОДА.
НАЈСТРОГО СЕ ЗАБРАНУВА ПАЛЕЊЕ НА ОТПАДОТ СОБЕРЕН ОД ЧИСТЕЊЕ НА ЛИВАДИ И ДВОРОВИ КАКО И ПАЛЕЊЕ НА РАЗНОВИДЕН КОМУНАЛЕН ОТПАД.
Општина Крива Паланка