Во име на локалното партнерство „Спорт за Сите“ кое е креирано во Крива Паланка, а се состои од повеќе спортски организации, младински организации, спортски клубови и спортисти како и претставници од Општина Крива Паланка ви ги претставувам резултатите кои беа постигнати со имплементирање на еден ваков проект:
- Поддржан традиционалниот првомајски крос со забава и дополнителни реквизити за над 200 учесници.
- Обучени 13 ментори во склоп на партнерството за спорт за развој и спорт за социјална инклузија. Понатаму истите можат да делуваат и да обучуваат други тренери на локално и национално ниво. Оваа група на тренери продолжува да обучува и следната година во рамките на проектот.
- Формирана мрежа од 16 млади лидери кои беа обучени за спорт за развој и спорт за социјална инклузија од страна на менторите. Истите подоцна со помош на своите метори спроведоа и сопствени работилници во нивните училишта. Се очекува малдите лидери понатаму да добијат дополнителен ангажман со поддршката од нивните училишта.
- Разубавени три игралишта
– Боро Менков надворешното игралиште, каде беа поставени нови кошеви, мали голчиња, нови лулашки, ограда и разубавување на самиот ѕид на игралиштето со спортски графити;
– Боро Менков мала сала, каде беа поставени голем број на фитнес справи и спортски реквизити адекватни за возраста на децата кои престојуваат во интернатот.
– Игралиште во населба „Единство“, каде беа поставени два нови коша, изработени две мали голчиња и надворешни фитнес форми.
- Донација на спортска опрема ( пилатес топки, статичен точак, спортски реквизити) во дневниот центар за лица со попреченост. Како и проширување на локалното партнерство со вклучување на центарот. Дополнителна спортска опрема за спорт за развој беше донирана и во салата Бранители 2001.
- Донација на комплет тренерки за 30 децата од Боро Менков и децата од руралните средини поточно од с. Мождивњак и с. Конопница.
- Донација на комплет тренерки за 16 млади лидери.
- Донација на спорт за развој спортски реквизити во пет училишта, од кои гимназијата „Ѓорче Петров” во Крива Паланка, основното училиште „Илинден“ и основното училиште „Јоаким Крчовски“ во нивните централни и подрачни училишта.
- Изгласана е Стратегија за млади во општина Крива Паланка во која се внесени активности за спорт за развој и спорт за социјална инклузија во стратегијата за спорт на Крива Паланка.
- Снимени три видеа од кои две ретроспективни каде се претставуваат активностите, целите и резултатите од проектот и едно видео за спорт за развој каде е претставена важноста и бенефициите од социјалната инклузија преку спорт.
- Отворен спортски ден каде над 1000 млади можеа да ги видат сите спортски можности кои ги нуди општина Крива Паланка.
- Опремена општинска канцеларија за спорт за развој со нов лап топ, принтер и канцелариски материјали за работа на локалниот координатор во рамки на проектот.
- Поврзување на Крива Паланка на регионално ниво со сите партнери од Балканот ( Босна, Србија, Косово, Албанија )
Се ова се постигна како резултат на добрата соработка и одличната посветеност на сите луѓе во рамките на партнерството, со особена поддршка на Градоначалникот на Крива Паланка и Општината. Успехот и резултатите од овој проект особено присонесоа општина Крива Паланка да биде изберена повторно од ГИЗ како партнер општина и за следна година во рамките на програмата за спорт за развој и спорт за социјална инклузија.
Проектен координатор
Магдалена Спасовска