Општина Крива Паланка им соопштува на даночните обврзници за данок на имот (физички и правни лица) дека започна постапка за изготвување на опомени за неплатен данок на имот. По врачувањето на опомените ќе следуваат и решенија за присилна наплата, а потоа и присилно извршување од трансакциските сметки. Од тие причини, а се со цел за да не настануваат непредвидени трошоци за даночните обврзници потребно е да си ги измирите обврските спрема општината за неплатен данок на имот.
Воедно, се известуваат и фирмите дека во тек е достава на решенија за присилна наплата на комунална такса за истакната фирма, по што ќе следува присилна наплата од трансакциска сметка.
За сите прашања и информации може да се обратите во Одделението за финансиски прашања во Општина Крива Паланка.
Општина Крива Паланка