По повод престојните новогодишни празници во месец декември/јануари 2019/2020 ги известуваме сите заинтересирани физички лица и правни субјекти кои имаат потреба за поставување на тезга или продажен штанд во центарот на градот можат да поднесат барање до Oпштината за одобрување според дефинирани локации на тезги од страна на општината.
Сите заинтересирани баратели потребно е да поднесат барање до Одделение за урбанизам, сообраќај и заштита на животна средина при Општина Крива Паланка каде ќе биде одреден временскиот период и површината за поставување со претходна платена администартивна такса, комунална такса и такса за закуп на простор. Доколку се поставуваат тезги за храна треба да се земе во предвид Законот за безбедност на храната.
Одредување на површината по барател ќе биде на принцип прв дојден прв услужен.
Одделение за урбанизам, сообраќај
и заштита на животна средина