Врз основа на член 39, точка 1 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на РМ“ бр. 5/02) и член 65 и 67 од Деловникот на Советот на Општина Крива Паланка, Ве известуваме дека 33-та седница на Советот на Општина Крива Паланка ќе се одржи на 27.01.2020 година (понеделник) во 14,00 часот.
Д н е в е н р е д:
Усвојување на записник од 32-та седница
1. Предлог – Одлука за утврдување на вредност на бодот за платите на државните службеници за 2020 година;
2. Предлог-Одлука за усвојвање на Одлуката за усвојување на финансовиот план на ЈП Комуналец за 2020 година;
3. Предлог –Одлука за збратимување со градот Жупања –Република Хрватска;
4. Предлог – Одлука за давање на приоритет за апликација на подпроектот „Реконструкција и доградба на водоводна мрежа во Крива Паланка“;
5. Предлог- Листа на информации од јавен карактер на Општина Крива Паланка;
6. Предлог – Одлука за усвојување годишен извештај за информации од јавен јарактер за 2019 година;
7. Предлог – Одлука за усвојување на извештај за еднакви можности на жените и мажите за 2019 година на Општина Крива Паланка;
8. Предлог –Одлука за давање согласност за кофинансирање на четири образовни асистенти по Прорамата Општинско корисна работа 2019, а во рамки на на проектот „Цело е кога има се“ за негова целосна имплементација;
9. Предлог-Решение за разрешување на член на Управен одбор на ОУД Боро Менков –Крива Паланка;
10. Предлог-Решение за именување на член на Управен одбор на ОУД Боро Менков –Крива Паланка;
11. Предлог- Одлука за давање согласност на Статутарната одлука за изменување на Статутот на ОУД Боро Менков Крива Паланка;
12. Предлог-Одлука за Усвојување на извештајот за реализирани активности по Програмата за локален економски развој за 2019 година;
13. Предлог-Решение за разрешување на член на Училишен одбор на ООУ Јоаким Крчовски –Крива Паланка;
14. Предлог-Решение за именување на член на Училишен одбор на ООУ Јоаким Крчовски –Крива Паланка;
15. Предлог-Решение за избор на членови на Советот на млади на Општина Крива Паланка;
16. Предлог-Одлука за усвојување на Извештај за работа за 2019 година за активности од областа на образование и спорт;
17. Предлог – Одлука за усвојување на Извештај за реализирани активности по Програмата за социјална, детска и здраствена заштита за 2019 година;
18. Предлог-Одлука за усвојување на Годишен извештај за активностите на Општина Крива Паланка во областа на ИКТ во 2019 година;
19. Предлог – Одлука за изменување и дополнување на програмата за решавање на проблемот со кучиња скитници на подрачјето на Општина Крива Паланка за 2020 година;
20. Предлог- Програма за работа во областа на располагањето на градежно земјиште во сопственост на РСМ на подрачјето на Општина крива Паланка за 2020;
21. Предлог- Одлука за измена и дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови и локални урбанистички плански документации во Општина Крива Паланка за 2020 година;
22. Предлог-Одлука за дефинирање на граница на опфат на улици во Општина Крива Паланка;
23. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за к.п.бр.4316 во К.О. Крива Паланка, Општина Крива Паланка;
24. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за к.п.бр.3442/3 во К.О.Конопница, Општина Крива Паланка;
25. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за к.п.бр.716 во К.О.Кркља, Општина Крива Паланка;
26. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за к.п.бр.156 во К.О. Конопница, Општина Крива Паланка;
27. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за к.п.бр.3442/2 во К.О. Конопница, Општина Крива Паланка.
СОВЕТ НА ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА Претседател, Изабела Павловска , с.р.