Врз основа на член 35 од Деловникот на Советот на Општина Крива Паланка („Службен гласник на Општина Крива Паланка“ бр. 5/08), претседателот на Советот на Општина Крива Паланка свикува 44-та седница на Советот на Општина Крива Паланка за 20.07.2012 година (петок) во 14,30 часот. Седницата ќе се одржи со следниот
Д н е в е н р е д:
Усвојување на Записници од 41, 42 и 43-та седница на Совет
1. Одлука за усвојување на Програмата за енергетска ефикасност на Општина Крива Паланка за 2012 година (пречистен текст);
2. Предлог – Одлука за усвојување на квартален извештај на Буџетот за II квартал за 2012 година;
3. Предлог – Одлука за давање под долготраен закуп на градежно земјиште со непосредна спогодба к.п. 1508/19;
4.Предлог – Одлука за давање под долготраен закуп на градежно земјиште со непосредна спогодба к.п.1508/20, 1508/21 и 1301/2;
5. Предлог – Одлука за давање под долготраен закуп на градежно земјиште со непосредна спогодба к.п. 1301/3 1510/2;
6. Предлог – Одлука за давање под долготраен закуп на градежно земјиште со непосредна спогодба к.п. 1303/4;
7. Предлог – Одлука за измена на име на плански документ Детален урбанистички план;
8.Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за к.п.7432;
9. Предлог – Одлука за утврдување на донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши уогласување на намените за к.п.2382 и к.п.2339;
10. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за к.п.7442;
11. Предлог – Одлука за дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови и локална урбанистичка планска документација за Општина Крива Паланка за 2012 година;
12. Предлог – Одлука за превземање на водоводот „ВИДЊА“од с. Кошари населба Маневци и отстапување на ЈП „Комуналец“ – Крива Паланка;
13. Предлог – Решение за разрешување членови во ОУ„Илинден“- Крива Паланка;
14. Предлог – Решение за именување членови во ОУ„Илинден“- Крива Паланка;
15. Предлог – Одлука за давање на недвижни ствари под закуп и одржување;
16. Предлог – Одлука за измена на одлуката за давање согласност за аплицирање на проект „Крива Паланка енергетски ефикасна Општина-успешна општина“;
СОВЕТ НА ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
Претседател,
Милка Митовска