Врз основа на член 39, точка 1 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на РМ“ бр. 5/02) и член 65 и 67 од Деловникот на Советот на Општина Крива Паланка, Ве известуваме дека 46-та седница на Советот на Општина Крива Паланка ќе се одржи на 30.12.2020 година (среда) во 9,00 часот.
– Новогодишно обраќање на Градоначалникот –
Усвојување на записник од 45 -та седница
- Предлог – Одлука за усвојување на Буџетот на Општина Крива Паланка за 2021 година;
- Предлог – Одлука за извршување на Буџетот на Општината Крива Палнака за 2021 година;
- Предлог – Одлука за утврдување на вредност на бодот за платите на државните службеници за 2021 година;
- Предлог – Буџетски календар за планирање на Буџетот на Општина Крива Паланка за 2021 година;
- Предлог- Одлука за кофинансирање на проект Подобрување на туристичка инфраструктура за пристап до туристички локалитети во општина Крива Паланка;
- Предлог- Одлука за прифаќање на Барање од ООУ „Илинден“ Крива Паланка за асфалтирање на училишни дворови во подрачните училишта во с.Конопница и с.Мождивњак 1;
- Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за к.п.бр.7544 во КО Конопница, Општина Крива Паланка;
- Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за к.п.бр. 1966 во КО Крива Паланка, Општина Крива Паланка;
- Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за к.п.бр.264 во КО Варовиште, Општина Крива Паланка;
- Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за к.п.бр. 4591 во КО Крива Паланка, Општина Крива Паланка;
- Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за к.п.бр. 1980/1во КО Крива Паланка, Општина Крива Паланка.
СОВЕТ НА ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
Претседател,
Изабела Павловска , с.р.