Врз основа на член 39, точка 1 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на РМ“ бр. 5/02) и член 65 и 67 од Деловникот на Советот на Општина Крива Паланка, Ве известуваме дека 48-та седница на Советот на Општина Крива Паланка ќе се одржи на 08.02.2021 година (понеделник) во 12,00 часот.
Дневен ред:
Усвојување на записник од 47- та седница
- Предлог – Одлука за усвојување на Извештајот од пописната комисија за извршениот годишен попис на средствата со состојба на ден 31.12.2020 година;
- Предлог-Одлука за доделување на финансиски средства на Општина Струмица за потребите од настанат пожар на граѓаните од ГТЦ Глобал Струмица;
- Предлог – Одлука за усвојување на Извештај за еднакви можности на жените и мажите за 2020 година на Општина Крива Паланка;
- Предлог-Одлука за извештајот за реализирани активности по Програмата за активностите на Општина Крива Паланка за поддршка на граѓанските здруженија во 2020 година;
- Предлог-Одлука за усвојување на извештајот за реализирани активности по Програмата за локален економски развој за 2020 година;
- Предлог-Одлука за усвојување на извештај за реализирани активности по Програмата за образование и спорт за 2020 година;
- Предлог – Одлука за усвојување на извештај за реализирани активности по Програмата за социјална, детска и здраствена заштита за 2020 година;
- Предлог-Одлука за усвојување на Годишен извештај за активностите на Општина Крива Паланка во областа на ИКТ во 2020 година;
- Предлог-Одлука за усвојување на извештај по Програмата за уредување на градежно земјиште за 2020 година за Општина Крива Паланка;
- Предлог-Одлука за усвојување на извештај по Програмата за изградба, реконструкција и одржување на јавно осветлување за 2020 година за Општина Крива Паланка;
- Предлог- Програма за работа во областа на располагање со градежно земјиште во сопственост на Република Северна Македонија на подрачјето на Општина Крива Паланка за 2021 година;
- Предлог-Одлука за давање во трајна сопственост на ПМВ на ЈП КОМУНАЛЕЦ Крива Паланка;
- Предлог – Одлука за усвојување на извештајот по Програмата за решавање на проблемот со кучиња скитници на подрачјето на Општина Крива Паланка за 2020 година;
- Предлог-Одлука за усвојување на извештајот по Програмата за изработка на техничка документација –Основен сообраќаен проект за режимот на сообраќај на улиците во Општина Крива Паланка и нивна реализација за 2020 година;
- Предлог-Одлука за усвојување на извештајот за реализација на Програмата за превентивна дезинсекција и дератизација во Општина Крива Паланка за 2020 година;
- Предлог-Одлука за усвојување на извештајот за спроведување на Програмата за управување со отпад на Општина Крива Паланка за 2020 година;
- Предлог-Одлука за усвојување на извештајот за реализација на Програмата за изработка на урбанистички планови и локални урбанистички плански документации во Општина Крива паланка за 2020 година;
- Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за к.п.бр. 2610 во КО Крива Паланка, Општина Крива Паланка;
- Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за к.п.бр. 3050 и к.п.бр.4600 во КО Крива Паланка, Општина Крива Паланка ;
- Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за к.п.бр.1130/1 во КО Конопница, Општина Крива Паланка;
- Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за к.п.бр.2502 во КО Осиче, Општина Крива Паланка;
- Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за к.п.бр. 95 и к.п.бр.94 во КО Крива Паланка, Општина Крива Паланка;
- Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за к.п.бр.9324 во КО Градец, Општина Крива Паланка;
- Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за к.п.бр.2899 и к.п.бр.2920во КО Трново, Општина Крива Паланка;
- Предлог-Одлука за за ставање вон сила на Одлуката за воспоставување на граници за заштитените зони на извори „Калин Камен – Влашки колиби“ и определување на мерки за заштита бр.09-3260/13 од 13.11.2020 година на Советот на Општина Крива Паланка;
- Предлог-Одлука за за ставање вон сила на Одлуката за воспоставување на граници за заштитените зони на извори на Бунарскиот систем во Крива Паланка и определување на мерки за заштита бр.09-3260/15 од 13.11.2020 година на Советот на Општина Крива Паланка;
- Предлог- Програма за работа на Советот на Општина Крива Паланка за 2021 година.
СОВЕТ НА ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
Претседател,
Изабела Павловска , с.р.