Општина Крива Паланка со цел да овозоможи што поголема достапност на сместувачките капацитети од мал обем на локално ниво, а согласно законските регулативи, формираше Комисија за категоризација на сместувачки објекти од мал обем.
Процедурата за добивање на решение за категоризација, започнува со поднесување на барање до Општина Крива Паланка, од страна на физички лица кои вршат угостителска дејност од мал обем.
Комисија за категоризација го разгледува барањето, доаѓа до сместувачкиот објект од мал обем и ги утврдува минимално-техничките услови и го изготвува решението за извршена категоризација, кое му се дава на подносителот во рок од 7 дена.
Согласно законска регулатива, физичките лица што вршат угостителска дејност од мал обем може да изнајмуваат куќи, апартмани, викендици и соби за одмор во индивидуални станбени објекти чиј сопственик е носител на правото на користење. Исто така може да изнајмуваат станови за одмор и соби во колективни станбени згради.
Угостителска дејност од помал обем има и кога физичките лица вршат услуги во селски домаќинства со издавање соби и апартмани, чиј сопственик или носител на право на користење е член на селско домаќинство и тоа најмногу до 10 соби или 20 легла, а во селски домаќинства може да се подготвуваат и послужуваат топли и ладни јадења, пијалаци и напивки главно од сопствено производство најмногу за 50 лица (излетници) истовремено.
Физичките лица кои ќе ја обавуваат оваа угостителска дејност треба да достават:
Барање за категоризација на угостителски објекти
Барање за упис во Регистар на физички лица кои вршат угостителска дејност