Врз основа на член 35 од Деловникот на Советот на Општина Крива Паланка („Службен гласник на Општина Крива Паланка“ бр. 5/08), претседателот на Советот на Општина Крива Паланка свикува 46-та седница на Советот на Општина Крива Паланка за 24.09.2012 година (понеделник) во 14,30 часот.Седницата ќе се одржи со следниот
Д н е в е н р е д:
1.Презентација на физибилити студија за гасификацијана Општина Крива Паланка;
2.Предлог – Одлука за усвојување на физибилити студија за гасификација на Општина Крива Паланка;
3.Предлог – Одлука за усвојување на Извештај за работа ООУ „Илинден“ – Крива Паланка за 2011/2012 година;
4.Предлог – Одлука за за усвојување на Програма за работа на ООУ „Илинден“ – Крива Паланка за 2012/2013 година ;
5.Предлог – Одлука за усвојување на Извештај за работа на ООУ „Јоаким Крчовски“ – Крива Паланка за 2011/2012 година;
6.Предлог –Одлука за усвојување на Програма за работа наООУ „Јоаким Крчовски“ – Крива Паланка за 2012/2013 година;
7.Прдлог – Одлука за усвојување на Извештај на ОУД „Боро Менков“ – Крива Паланка за 2011/2012 година;
8.Предлог – Одлука за усвојување на Програма за работа на ОУД „Боро Менков“ – Крива Паланка за 2012/2013 година ;
9.Предлог – Одлука за давање мислење за изведување на ученички екскурзии на ООУ „Јоаким Крчовски“;
10.Предлог – Одлука за долгорочно домашно задолжување на Општина Крива Паланка во рамки на проектот за подобрување на општинските услуги;
11.Предлог – Одлука за усвојување на Одлуката на ЈП„Комуналец“ за проширување на дејност;
12.Предлог – Одлука за превземање на водоводот „Вирови“ населба Грамаѓе – с.Конопница и отстапување на ЈП „Комуналец“ – Крива Паланка;
13.Предлог – Одлука за давање приоритет на проект ,,Изградба на општински пристапен пат Спој М-2 -Стамболиска маала – маала Деловодци во с.Конопница во должина до 1км”
14.Предлог – Одлука за давање согласност за Реализација на проектот ,,Изградба на општински пристапен пат Спој М-2 -Стамболиска маала – маала Деловодци во с. Конопница во должина до 1км” и за обезбедени средства за реализација
15. Предлог – Одлука за утврдување на Нацрт-План на изменување и дополнување на ДУП за дел од урбан блок 11 во Крива Паланка;
СОВЕТ НА ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
Претседател
Милка Митовска