Врз основа на член 35 од Деловникот на Советот на Општина Крива Паланка („Службен гласник на Општина Крива Паланка“ бр. 5/08), претседателот на Советот на Општина Крива Паланка свикува 47-та седница на Советот на Општина Крива Паланка за 28.09.2012 година (петок) во 14,30 часот. Седницата ќе се одржи со следниот
Д н е в е н р е д:
1. Предлог – Одлука за измени и дополнувања на на Буџетот на Општина Крива Паланка за 2012 година;
2. Предлог – Одлука за давање согласност на Барањето за формирање паралелки со помал број на ученици;
3. Прдлог – Одлука за усвојување на Извештај на СОУ „Ѓорче Петров“ – Крива Паланка за 2011/2012 година;
4. Предлог – Одлука за усвојување на Програма за работа на СОУ „Ѓорче Петров“ – Крива Паланка за 2012/2013 година ;
5. Прдлог – Одлука за усвојување на Извештај на ДГ „Детелинка“ – Крива Паланка за 2011/2012 година;
6. Предлог – Одлука за усвојување на Програма за работа на ДГ „Детелинка“ – Крива Паланка за 2012/2013 година.
Совет на Општина Крива Паланка
Претседател
Милка Митовска