Не е безбедна водата за пиење и користење од старите локални водоводи во руралните  населени места Жедилово и маала Трнци

Според добиениот извештај од извршено  тестирање на  мостра на вода  земена од  стариот локален водовод во руралната  населба  Жедилово (од локацијата кај продавница  во населбата), констатирано е дека водата од овој водовод  не одговара  на законските  прописи за бактериолошка анализа односно водата  не е безбедна  за пиење и користење заради зголемен вкупен број на  колиформни бактерии и присуство на Escherichia coli – индикатор на фекално загадување на водата.

Исто така,  според добиениот извештај од извршено  тестирање на  мостра на вода  земена од  стариот локален водовод во руралната  населба  Трнци во село Конопница ( од локацијата  кај продавница  во населбата) констатирано е дека водата од овој водовод  не одговара  на законските  прописи за бактериолошка анализа односно водата  не е безбедна  за пиење и користење заради зголемена матност и зголемена потрошувачка на калиум перманганат.

За да може водата да се користи од овие стари локални водоводни системи потребно е да се изврши дезинфекција  и кондиционирање на водата и водоснабдителните објекти од страна на  надлежен орган.

Од тие причини се известува месното население – корисници на наведените локални водоводи   дека  е забрането понатамошно користење на водата  од овие локални маалски водоводи се до превзезање на соодветни мерки за подобрување  на квалитетот на водата.

Исто така се известуваат Месните заедници на село Жедилово  и на село Конопница да го известат месното население кое се уште ги користи овие водоводни системи дека водата не е за користење од истите.

Бидејки ваквата состојба се повторува неколку пати, Општината повторно ги повикува лицата кои ги користат овие не безбедни водоснабдителени системи да се обратат во јавното комунално претпријатие во општината за приклучување на своите објекти  на водоводните системи кои ги контролира ова јавно претпријатие, а кои постојат во рамки на овие населени места.

 

Големина на фонт
Контраст