Во Здраствениот дом во Крива Паланка од денеска започна вакцинација на населението без закажување на термин, во делот за Ковид-19 вакцинација, секој работен ден од 09.00 часот до 13.00 часот. Граѓаните се вакцинираат со вакцината на „Синовак“.
Теренска вакцинација се врши на посебен пункт – Пункт за теренска вакцинација. Сите вакцинирани мора уредно да се евидентираат и да се закажат за ревакцинација. На терен се пополнува и се дава картонче за вакцинација.
Термините за теренска вакцинација се дадени во табелата:
Установа: ЈЗУ Здравствен дом Крива Паланка | ||
Населено место | Датум за теренска вакцинација | Час (не е задолжително) |
С. Дурачка Река (амб.) | 12.07.2021 год. | 9-13 часот |
С. Станци | 12.07. 2021 год. | 11-13 часот |
С. Дубровница (амб.) | 13.07 2021 год. | 9-11 часот |
С. Луке (школо) | 13.07.2021 год. | 11-13 часот |
С. Жидилово (амб.) | 14.07.2021 год. | 9-11 часот |
С. Узем | 14.07.2021 год. | 11-13 часот |
С. Огут | 15.07.2021 год | 9-11 часот |
С. Нерав | 15.07.2021 год. | 11-13 часот |
С. Герман | 16.07.2021 год. | 9-11 часот |
С. Пклиште | 16.07.2021 год. | 11-13 часот |
С Ранковце | 19 и 20.07.2021 год. | 9-13 часот |
С. Конопница | 21.07. 2021 год. | 9-11 часот |
С. Мождивњак | 21.07.2021 год. | 11-13. часот |
Во Здраствениот дом во Крива Паланка непречено се одвива и ревакцинација со вакцината на „Астра Зенека“ на пациентите кои ја имаат примено првата доза од истата, секој ден од 07.00 до 15.00 часот.