Дневен ред на 54-та седница на Советот на Општина Крива Паланка

Врз основа на член 39, точка 1 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на РМ“ бр. 5/02) и член 65 и 67 од Деловникот на Советот на Општина Крива Паланка, Ве известуваме дека 54-та седница на Советот на Општина Крива Паланка ќе се одржи на 19.07.2021 година (понеделник) во 14.00 часот. 

                 Дневен ред:

Усвојување на записник од 53-та седница

1.Информација за преземени мерки и активности на СВР Куманово  ОВР Крива Паланка   во текот на првото  полугодие од 2021 година;

2.Предлог – Одлука за  усвојување на Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Крива Паланка К1 , К2 и К3 за  II  квартал за 2021 година;

3.Предлог- Одлука за изменување и дополнување  на Буџетот на Општина Крива Паланка за 2021година;

4.Предлог –Решение за именување на член на Управниот oдбор на Заедничко jавно  претпријатие за регионално управување со отпад „ЕКО ИСТОК – СЕВЕРОИСТОК“ Свети Николе;

5.Предлог – Одлука за   доделување на стипендии за ученици  спортисти во индивидуални спортови и ученици спортисти во екипни спортови кои учат во основните училишта на подрачјето на општина Крива Паланка и средните училишта во Република Северна Македонија за учебната 2021/2022 година;

6.Предлог- Одлука за субвенциониран превоз на студенти за студиската 2021/2022 кои студират на државните универзитети во Скопје, а се жители на Општина Крива Паланка;

7.Предлог-Правилник за условите, критериумите и правилата за доделување на стипендии за подршка на млади таленти од Општина Крива Паланка;

8.Предлог- Одлука за доделување на стипендии за подршка на млади таленти од Општина Крива Паланка;

9.Предлог- Одлука за давање согласност на годишниот план за вработување за 2022 на ОУД „Боро Менков“ Крива Паланка;

10.Предлог- Одлука за одобрување на финансиски придонес за спроведување на потпроектот Крива Паланка – Источна порта кон Европа (Фестивалска Туристичка Атракција);

11.Предлог-Одлука за  измена и дополнување на Програмата за уредување на  и одржување  на градско зеленило  во општина Крива Паланка за 2021 година- Хортикултурно уредување на  Градски парк;

12.Предлог-Одлука за формирање Комисија за заштита на пациентите на Општина Крива Паланка;

13.Предлог Одлука за примање на донација на противпожарно возило марка TAM  170 Т14 OG;

14.Иницијатива за изменување и дополнување на Статутот на Општина Крива Паланка;

15.ПРЕДЛОГ –Одлука за прифаќање на иницијативата за изменување и дополнување на Статутот на Општина Крива Паланка;

16.Предлог-  СТАТУТАРНА ОДЛУКА  за изменување и дополнување на Статутот на Општина Крива Паланка.

 

                                                                                                        СОВЕТ НА ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
               Претседател,
           Изабела Павловска ,с.р

Големина на фонт
Контраст