Врз основа на член 35 од Деловникот на Советот на Општина Крива Паланка („Службен гласник на Општина Крива Паланка“ бр. 5/08), претседателот на Советот на Општина Крива Паланка свикува 49-та седница на Советот на Општина Крива Паланка за 26.10.2012 година (петок) во 14,30 часот.Седницата ќе се одржи со следниот
Д н е в е н р е д:
1. Предлог-Одлука за прифаќање на предлог техничко решение за изградба на мали хидроелектрални на водоснабдителниот систен на Калин Камен и Станечка Река .
2.Предлог – Одлука за Нацрт-Генерален урбанистички план за Крива Паланка;
3.Предлог – Одлука за дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови и локална урбанистичка планска документација за Општина Крива Паланка за 2012 година;
4. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за кп. бр. 952;
5. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за кп.бр.269/2;
6. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за кп.бр. 383/2;
7. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за кп.бр. 2869;
8. Предлог – Одлука за давање согласност и овластување за измирување односно пренасочување на средства од буџетската сметка на Општина Крива Паланка;
9. Предлог – Одлука за давање согласност и овластување за потпишување на Договор и за грант, согласно Договорот за финансирање СЕПАРИС бр.2008-0446 помеѓу РМ и ЕИБ за проект „Водоснабдување и одведување на отпадни води“;
10. Предлог –Одлука за започнување на ЈПП за гасификација на Општина Крива Паланка; и
11. Советнички прашања.
СОВЕТ НА ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
Претседател,
Милка Митовска