Врз основа на член 23 од Законот за просторно и урбанистичко планирање („Сл.весник на РМ“ бр.51/05; 137/07; 91/09; 124/10; 18/11 и 53/11), Градоначалникот на Општина Крива Паланка го дава следното
С О О П Ш Т Е Н И Е
За организирање на Стручна расправа по Нацрт-Генерален урбанистички план за Крива Паланка
Стручната расправа по Нацрт-Генералниот урбанистички план за Крива Паланка ќе се одржи на ден 09.11.2012 година (петок) во големата сала на општината Крива Паланка со почеток во 13,оо часот.
Заинтересираните лица и субјектите од членот 29 ставовите 1 и 2 од Законот за просторно и урбанистичко планирање можат да стават забелешки по нацртот на планот во рок од десет работни дена од одржувањето на стручната расправа, а доколку истите не бидат доставени ќе се смета дека немаат забелешки на планското решение.
Просторот на кој се однесува Нацрт-Генералниот план за Крива Паланка е во следниот опфат:
- На север граничи со К.О.Градец, К.О.Лозаново и К.О.Дрење;
- На исток граничи со К.О.Дрење; К.О.Варовиште и К.О.Кошари;
- На југ граничи со К.О.Кошари; К.О:Дурачка Река; К.О. Мартиница и К.О.Конопница;
- На запад граничи со К.О.Конопница.
Површината на опфатот на Нацрт-Генералниот урбанистички план за Крива Паланка изнесува 615,оо ха.
ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
Градоначалник
Дипл.правник Арсенчо Алексовски