Врз основа на член 39, точка 1 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на РМ“ бр. 5/02) и член 65 и 67 од Деловникот на Советот на Општина Крива Паланка, Ве известуваме дека 2-та седница на Советот на Општина Крива Паланка ќе се одржи на 15.11.2021 година (понеделник ) во 10 часот.
Дневен ред:
Усвојување на записник од I-та Конститутивна седница
- Предлог – Решение за формирање комисија за финансии и локален економски развој;
- Предлог– Решение за формирање комисија за урбанистичко планирање, уредување на просторот, заштита на животната средина и природата;
- Предлог – Решение за формирање комисија за комунални работи и сообраќај;
- Предлог – Решение за формирање комисија за јавни дејности;
- Предлог – Решение за формирање комисија за статут и прописи;
- Предлог- Решение за формирање комисија за еднакви можности на жените и мажите;
- Предлог – Решение за формирање комисија за меѓуопштинска и меѓународна соработка;
- Предлог –Одлука за усвојување на Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Крива Паланка К1, К2 и К3 за III квартал за 2021 година;
- Предлог – Одлука за изменување и дополнување на Буџетот на Општина Крива Паланка за 2021 година;
- Предлог – Решение за формирање комисија за изработка на Програма за работа на Советот на Општина Крива Паланка за 2022 година.
СОВЕТ НА ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
ПРЕТСЕДАТЕЛ,
Изабела Павловска с.р