Се известуваат фирмите, установите, јавните претпријатија и Општина Крива Паланка дека согласно Одлука број 09-1975/35 од 23.05.2022 година донесена од Советот на Општина Крива Паланка, 23-ти мај денот на Св.Јоаким Крчовски е прогласен за празник на Општина Крива Паланка и се прогласува за неработен ден.
Трговските претпријатија, дуќани и угостителски објекти празникот можат да го прослават работно и свечено со украсување на објектите и излозите и давање на услуги на граѓаните од својата дејност.
ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
Градоначалник,
Сашко Митовски