Јавен увид од 15-ти до 30-ти Јуни, 2022година
Предлог „Родово одговорна стратегија за одржлив развој на општина Крива Паланка (2022-2027)”
Една од клучните основи за изработката на оваа стратегијата е внесувањето на концептот на родова еднаквост. Овој концепт е дел од националната политика на државата, изразена како преку Уставот така и преку законските решенија кои се на сила, а кои ја обезбедуваат овозможувачката околина за воведување на принципот на вклучување на родот во сите сфери на општествениот живот. Сепак овие политики, за да имаат влијание врз благосостојбата и унапредувањето на животот на граѓаните, треба да бидат проследени и со насочени интервенции на локално ниво коишто, доколку континуирано се спроведуваат, ќе доведат и до видливи промени. Општините, како ниво на власт кое е најблиско до граѓаните, ја имаат најдобрата можност да придонесат за состојбата на жените и мажите во заедницата и директно да влијаат во насока на подобрување.
Во таа насока, воведувањето на родовата перспектива во Стратегијата за одржлив развој се однесува на процес кој што се стреми да обезбеди жените и мажите да имаат еднаква улога во донесувањето одлуки за развојот, односно да имаат еднаков пристап и контрола врз ресурсите и да уживаат еднаква добробит од развојот.
Сите заинтересирани граѓани своите, предлози и забелешки може да ги достават во овој период во писмена, усмена и електронска форма.
Писмените предлози може да ги достават лично во архивата на општината или на адреса:
Општина Крива Паланка
Со назнака – предлог за стратегија 2022 -2027
Ул. Свети Јоаким Осоговски 175,
1330 Крива Паланка
Усмените предлози може да ги дадат лично во општината, во просториите на одделението за јавни дејности. ЛЕР и ИТ – одговорно лице Лидија Митовска
На имеил:
[email protected]
[email protected]
информација :
По завршување на јавниот увид и добиените предлози од граѓаните, на текстот на предлог стратегијата ќе следи ревизија, доработка и лекторирање согласно добиените предлози , пред да биде доставен на општинскиот совет на расправа и усвојување.
Затоа ве замолуваме да имате предвид дека во моментот предлог текстот на стратегијата што е ставен на увид, за да не ги дуплираме работите може да има граматички и семантички грешки.
Моето мото и работа кон која се стремам и ја практикувам како градоначалник е поголемо директно партиципативно вклучување на граѓаните во одлучувачките процеси и креирањето на локалните политики.
За нас како локална власт граѓанинот е на прво место и неговите потреби и приоритети, но никој подобро од самиот граѓанин не знае што е тоа што го засега и кои се неговите приоритети.
Почитувани граѓани ги очекуваме Вашите предлози!
Бидете поздравени!
Општина Крива Паланка
Градоначалник
Сашко Митовски