Дневен ред на 12-та седница на Советот на Општина Крива Паланка

Врз основа на член 39, точка 1 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на РМ“ бр. 5/02) и член 65 и 67  од Деловникот на Советот на Општина Крива Паланка, Ве известуваме дека 12-та седница на Советот на Општина Крива Паланка ќе се одржи на 29.07.2022 година (петок) во 12 ,00 часот. 

Д н е в е н   р е д:

 Усвојување на записникот од 11-та седница

  1. Информација за превземени мерки и активности на ОВР Крива Паланка  во текот на првото полугодие на 2022 година ;
  2. Предлог – Одлука за усвојување на Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Крива Паланка К1 , К2 и К3 за  II  квартал за 2022 година
  3. Предлог-Одлука за давање согласност на годишниот план за вработување  за 2023  година на  ОЈУДГ „ДЕТЕЛИНКА“ КРИВА ПАЛАНКА
  4. Предлог-Одлука за давање согласност на годишниот план за вработување  за 2023 година  на  ООУ „ИЛИНДЕН“ КРИВА ПАЛАНКА “
  5. Предлог- Одлука за давање согласност на годишниот план за вработување  за 2023 година  на ООУ „ЈОАКИМ КРЧОВСКИ“ КРИВА ПАЛАНКА
  6. Предлог- Одлука за давање согласност на годишниот план за вработување  за 2023 година  на  ЛУ Градски  Музеј  Крива Паланка
  7. Предлог-Одлука задавање согласност на годишниот план за вработување за 2023 година  на  Општина   Крива Паланка
  8. Предлог-Одлука за доделување на стипендии за ученици  спортисти во индивидуални спортови и ученици спортисти во екипни спортови кои учат во основните училишта на подрачјето на општина Крива Паланка и средните училишта во Република Северна Македонија за учебната 2022/2023 година
  9. Предлог-Правилник за условите ,критериумите и правилата  за доделување на стипендии  за ученици  спортисти  во инвидуални спортови и ученици  спортисти  во екипни спортови  кои учат во основните  училишта на подрачјето  на Општина Крива Паланка  и средните училишта  од Република Северна Македонија
  10. Предлог- Одлука за субвенциониран превоз на студенти за студиската 2022/2023 кои студират на државните универзитети во Скопје, а се жители на Општина Крива Паланка;
  11. Предлог-Правилник за условите ,критериумите  и правилата  за субвенциониран  превоз  на студенти  кои студираат  на државните универзитети  во Скопје  ,а се жители на Општина Крива Паланка
  12. Предлог – Одлука за доделување на стипендии за подршка на млади таленти од Општина Крива Паланка
  13. Предлог-Одлука за давање согласност на барањето за формирање на паралелки со помал број на ученици за учебната 2022/2023 година за СОУ „Ѓорче Петров“
  14. Предлог Одлука за купување на недвижен имот-земјиште за потребите на Општина Крива Паланка
  15. Предлог-Одлука за давање во трајна сопственост на мерни инструменти (водомери) на Јавното претпријатие  за комунални услуги „Комуналец“ Крива Паланка
  16. Предлог-Одлука за внесување на основна главнина на  Јавното претпријатие за комунални услуги „Комуналец“ Крива Паланка
  17. Предлог-Одлука за давање согласност на Одлуката за задолжување на Јавното претпријатие  за комунални услуги „Комуналец“ Крива Паланка за набавка на мултифункционални возила по пат на финансиски лизинг
  18. Предлог – Одлука за  определување услови и начин за продажба на движни ствари – транспортни средства во сопственост на   Јавното претпријатие за комунални услуги „Комуналец“ Крива Паланка;
  19. Предлог-Одлука за давање на согласност за издавање под закуп на недвижен имот – деловен објект во  сопственост на Општина Крива Паланка со електронско јавно наддавање
  20. Предлог –Одлука за давање согласност на Одлуката за користење на градското игралиште

донесена од Управниот одбор на Јавното претпријатие  за комунални услуги „Комуналец“ Крива Паланка

  1. Предлог-Одлука за формирање локален совет за превенција  за подрачје на  Општина Крива Паланка;
  2. Предлог – Одлука за измена и дополнување на Програмата за поставување на урбана опрема на

подрачјето на Општина Крива Паланка за 2022 година

  1. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на наменитe за  за к.п.бр.963 во КО Мождивњак, Општина Крива Паланка
  2. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на наменитe за к.п.бр. 4506/3 во КО Крива Паланка, Општина Крива Паланка;
  3. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на наменитe за к.п.бр. 2677во КО Крива Паланка, Општина Крива Паланка;
  4. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на наменитe за к.п.бр.2565, 2567 и 2564 во КО Мождивњак, Општина Крива Паланка.

                                                                                                       СОВЕТ НА ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКАЖ
П
ретседател,
Изабела Павловска с.р

Големина на фонт
Контраст