Јавен повик за изнајмување на монтажно – демонтажни објекти, поставени од страна на Општина Крива Паланка на претходно утврдени локации во центарот на градот

По повод престојните празници во месец Август 2022 година и планираните настани на градскиот плоштад, во центарот на градот, одржување на фолклорен фестивал и Joyfest, Општина Крива Паланка ги известува сите правни и физички лица кои се заинтересирани за изнајмување на монтажно – демонтажни објекти, поставени од страна на Општина Крива Паланка на претходно утврдени локации во центарот на градот (од Соларски мост до ОУ Јоаким Крчовски), согласно програмата за поставување на урбана опрема за 2022 година и тоа локација 53, 54, 55, 56, 57, 58, 59, 60, 61, за периодот од 24.08.2022 година заклучно со 29.08.2022 година, можат да поднесат Барање до општината за одобрување на некоја од дефинираните локации во период од 5 дена, сметано од денот на објавување на Јавниот повик.

Сите заинтересирани баратели, потребно е да поднесат Барање до Одделение за урбанизам, сообраќај и заштита на животната средина при Општина Крива Паланка, по што ќе биде одредена локацијата и временскиот период на изнајмување на штандот, со претходно платена административна такса за поднесување на барањето, како и утврдена и платена комунална такса за користење на јавни површини и надоместок за закуп на јавен простор/објект.

Корисникот на продажен штанд/монтажно- демонтажен објект  има обврска да ги плати режиските трошоци за електрична енергија за нормално функционирање на  објектот, на начин кој ќе биде утврден во договорот за утврдување на условите за изнајмување и користење на продажен штанд/објект, кој ќе биде склучен помеѓу Општината и корисникот. Доколку барањето се поднесува за изнајмување на продажен штанд/објект за храна, во тој случај е потребно да се има во предвид Законот за безбедност на храната и да се постапува согласно на истиот.

Одредувањето на локацијата ќе се спроведе по принципот „Прв дојден, прв услужен“.

ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
Одделение за урбанизам, сообраќај
и заштита на животна средина

Големина на фонт
Контраст