Известување

Ве известуваме дека од 22-ри до 28-ми Август 2022  на Градскиот плоштад во Крива Паланка, во рамките на манифестацијата ,,КРИВОПАЛАНЕЧКО КУЛТУРНО ЛЕТО 2022“ општина Крива Паланка ќе ги организира следните музичко-сценски и концертни активности и тоа: Фолклорен Фестивал „Св. Јоаким Осоговски“ (24,25 и 26.08 2022), и Музички Фестивал „ЏОЈ ФЕСТ 2022“ (27-28.08 2022).

ЗА ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ЈАВНИТЕ СОБИРИ (НАСТАНИ) ОД 22 – РИ ДО 28 – МИ АВГУСТ ЌЕ БИДЕ ЗАБРАНЕТО ПАРКИРАЊЕТО НА АВТОМОБИЛИ ВО ЦЕНТРАЛНОТО ГРАДСКО ПОДДРАЧЈЕ НА УЛ. СВ. ЈОАКИМ ОСОГОВСКИ НА ПОТЕГОТ ОД СОЛАРСКИ МОСТ ДО ГРАДСКИОТ МУЗЕЈ КАКО И НА СИТЕ ПОВРШИНИ ОКОЛУ ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД (ВКЛУЧУВАЈЌИ ГО ПАРКИНГОТ ПРЕД Х.ТУРИСТ И МАКЕДОНСКИ ПОШТИ) КАКО И КРАКОТ НА УЛ. СВ. ЈОАКИМ ОСОГОВСКИ.

СЕ УКАЖУВА НА ГРАЃАНИТЕ КОИ ЖИВЕАТ НА УЛ. СВ. ЈОАКИМ ОСОГОВСКИ (долен крак) ДА ГИ ПРЕПАРКИРААТ СВОИТЕ ВОЗИЛА НА ДРУГИТЕ СЛОБОДНИ ПОВРШИНИ ПРЕДВИДЕНИ ЗА ПАРКИНГ ВО ДЕЛОТ НА ГРАДСКИОТ ПАЗАР ИЛИ АВТОБУСКАТА СТАНИЦА.

На 22 Август (понеделник) 2022 во период од 10.00ч ќе биде забранет сообраќајот и паркирањето на потегот од Соларски мост по целата должина на ул. Св. Јоаким Осоговски, сите површини околу Градскиот плоштад (вклучувајќи го паркингот пред х.Турист и Македонски пошти) и долж кракот на ул. „Св Јоаким Осоговски’ заради истовар на инвентар и придружна опрема на приватни угостители и монтирање / оформување на места за продажба и точење на пијалоци.

На 23 Август (вторник) 2022 г. во период од 11.00ч  ќе биде забранет сообраќајот и паркирањето на потегот од Соларски мост по целата должина на ул. Св. Јоаким Осоговски, сите површини околу Градскиот плоштад (вклучувајќи го паркингот пред хотел „Турист“ и Македонски пошти) како и долж кракот на ул. „Св. Јоаким Осоговски“ со цел истовар и монтажа на сценска бина, озвучување и придружна опрема

На 24 Август (среда) 2022г. во период од 18.00ч до 19.00ч  ќе биде забранет сообраќајот во двата правци на потегот од Житни магацин до Градскиот Музеј, заради свечено дефиле на учесниците на Фолклорниот Фестивал, додека во  период од 19.00ч до 22.00ч ќе биде забранет сообраќајот на потегот од Соларски мост низ Градскиот плоштад до Градски Музеј заради одржување на Фолклорен Фестивал СВ. ЈОАКИМ ОСОГОВСКИ – прва вечер.

На 25 Август (четврток) 2022 г. во период од 18.00ч до 19.00ч  ќе биде забранет сообраќајот во двата правци на потегот од Осичка маала до Градски Плоштад заради свечено дефиле на учесниците на Фолклорниот Фестивал, додека во период од 19.00ч до 22.00ч ќе биде забранет сообраќајот на потегот од Соларски мост низ Градскиот плоштад до Градскиот Музеј заради одржување на Фолклорен Фестивал СВ. ЈОАКИМ ОСОГОВСКИ – втора вечер.

На 26 Август (петок) 2022 г. во период од 19.00ч до 22.00ч ќе биде забранет  сообраќајот на потегот од Соларски мост  низ Градскиот поштад до Градскиот Музеј заради одржување на Фолклорен Фестивал СВ. ЈОАКИМ ОСОГОВСКИ – трета вечер.

На 27 Август (сабота) 2022 г. во  период од 19.00ч – 24.00ч  ќе биде забранет сообраќајот на потегот од Соларски мост низ Градскиот плоштад до Градски Музеј  заради одржување на Музичкиот фестивал „ЏОЈ ФЕСТ“ – прва вечер.

На 28 Август (недела) 2022 г. во  период од 19.00ч – 24.00ч  ќе биде забранет сообраќајот на потегот од Соларски мост низ Градскиот плоштад до Градски Музеј  заради одржување на Музичкиот фестивал „ЏОЈ ФЕСТ“ – втора вечер.

СЕ МОЛАТ ГРАЃАНИТЕ ЗА РАЗБИРАЊЕ.

Општина Крива Паланка
Градоначалник
Сашко Митовски

Големина на фонт
Контраст