Известување за теренски активности за прибирање на податоци за улици и куќни броеви во Општина Крива Паланка

ИЗВЕСТУВАЊЕ

за теренски активности за прибирање на податоци за улици и куќни броеви во Општина Крива Паланка

Почитувани,

Се известуваат сите претседатели на месните заедници во Општина Крива Паланка, дека Агенцијата за катастар на недвижности на Република Северна Македонија во рамките на проектот „Соработка за дигитална демократија“ финансиран од Кралството Шведска ќе изврши теренско прибирање на графички и атрибутни податоци за улици и куќни броеви во функција на воспоставување на Графички регистар за улици и куќни броеви.

Активностите за теренско прибирање на податоци за улиците и куќните броеви на територијата на Општина Крива Паланка ќе се реализираат во период од 01.09.2022 година до 09.11.2022 година.

За успешно воспоставување на Графичкиот регистар на улици и куќни броеви Ве молиме да ги информирате граѓаните од сите населени места на територијата на Општина Крива Паланка: Б’с, Баштево, Борово, Варовиште, Габар, Голема Црцорија, Градец, Длабочица, Добровница, Дренак, Дрење, Дурачка Река, Жидилово, Киселица, Конопница, Костур, Кошари, Крива Паланка, Кркља, Крстов Дол, Лозаново, Луке, Мала Црцорија, Мартиница, Метежево, Мождивњак, нерав, Огут, Осиче, Подржи Коњ, Станци, Т’лмици, Трново и Узем.

Со почит.

ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА

Градоначалник,
Сашко Митовски

Големина на фонт
Контраст